Академија за дигитален маркетинг
Дојди до супер кариера во дигитален маркетинг за 23 недели преку работа на реални проекти
Дојди до супер кариера во дигитален маркетинг за 23 недели преку работа на реални проекти
За 23 недели ќе научиш како да се справуваш со маркетинг предизвиците во дигиталниот свет и ќе ги стекнеш најбараните дигитални вештини во моментот. Тоа ќе ти помогне да започнеш кариера во некоја од најдобрите компании или да развиеш одлична маркетинг стратегија за сопствениот бизнис или компанијата во која работиш.
Запознај ги студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster, кои со помош на Академијата за дигитален маркетинг успеаа да започнат нова кариера, да ја променат постоечката или да стартуваат сопствен бизнис.
Пресекот на успешност на нашите студенти по основ на тоа која беше нивната цел пред почетокот на Академијата покажува голем степен на успешност, без разлика дали нивната цел беше да се вработат, да сменат кариера, да ја унапредат моменталната позиција или нивниот бизнис.
Погледни го ова бесплатно предавање со Дарјан, нашиот CМO кој воедно е и инструктор на академијата, и добиј одговор на прашањето “Како до кариера во дигитален маркетинг?”, различностите во секојдневната работа и потенцијалот за градење на кариера како маркетер.
Придружи им се на сите оние кои се охрабрија да ја земат кариерата во свои раце и да дојдат до покреативна, поинтересна и подобро платена работа.
ПОЧЕТОК НА АКАДЕМИЈАТА: ЈАНУАРИ 2021
ЦЕНА: 1450 EUR
со можност на плаќање на 15 рати без камата и можност за исплаќање на дел од сумата по вработување
Според студијата за пазарот за Дигитален маркетинг во 2019 година, спроведена од Мекинли Партнерс, 94% од анкетираните компании ја зголемиле големината на нивните тимови за маркетинг за разлика од 2018 година, 73%, и побарувачката продолжува да расте. Заради нивната способност на компаниите сè повеќе им се потребни дигитални маркетери не само да ги дефинираат маркетинг плановите и стратегиите, туку и да помогнат во поттикнувањето на иновациите во бизнисот и производот. Оваа година, поради Ковид-19, дигитализацијата достигна нов левел и побарувачката за дигитални маркетери е најголема до сега. Секоја компанија има потреба од одличен маркетер.
Нашата Академија за дигитален маркетинг привлекува желни студенти кои се страствени да се надоградат и да започнат нова кариера. Тоа се студенти со професионални позадини во дизајнот, продажба, комерција, сметководство и администрација, јазици и многу други области. Искуството во Brainster создава трајни пријателства и соработки кои ќе ве поддржуваат за време на откривањето на целиот живот.
На крајот на оваа Академија ти ќе можеш да:
Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:
Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за завршување. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Дигитален маркетинг на Brainster е добро ценети од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат свои тимови.
Услови за добивање сертификат:
Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како дигитален маркетер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата подготвителна програма ги обучува студентите со потребните предзнаења за успешен старт на програмата. Така што целата група студенти ќе има еднаков почеток.
Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа.
По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за дигитален маркетинг. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.
Академијата за дигитален маркетинг трае 23 недели. Наставата се одвива онлајн. Предавањата се во времетраење од 2 саати, секогаш попладне, во комбинација понеделник/среда/петок. Сите активности во рамки на програмата се online, на zoom. Покрај активностите по распоред, нагласуваме дека е неопходно и дополнително учење и вежбање отприлика 20тина саати неделно доколку студентот цели да совлада максимум од она што се учи на Академијата.
Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно. Со многу помош, труд и посветеност од страна на тимот на инструктори започнуваќи од нула ќе стекнеш напредно знаење со практична работа и ќе бидеш спремен да ја започнеш твојата нова кариера.
Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.
Цената на Академијата за дигитален маркетинг e 1450 евра, со можност за плаќање на 15 рати.