Академија за дигитален маркетинг

Дојди до супер кариера во дигитален маркетинг за 23 недели преку работа на реални проекти.

Почеток: септември ’21

 

1
НЕДЕЛИ
1
МОДУЛИ
1
РЕАЛНИ ПРОЕКТИ

За Академијата за дигитален маркетинг

За 23 недели ќе научиш како да се справуваш со маркетинг предизвиците во дигиталниот свет и ќе ги стекнеш најбараните дигитални вештини во моментот. Тоа ќе ти помогне да започнеш кариера во некоја од најдобрите компании или да развиеш одлична маркетинг стратегија за сопствениот бизнис или компанијата во која работиш.

Што по завршувањето на Академијата?

Запознај ги студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster, кои со помош на Академијата за дигитален маркетинг успеаа да започнат нова кариера, да ја променат постоечката или да стартуваат сопствен бизнис.

„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„SEO беше само дел од една слика која сакам да ја познавам уште подобро.“
Кристијан Павлоски
Digital Marketer во Мако Маркет
„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„Запишувањето на Академијата во Brainster беше вистинскиот потег за мене.“
Ристе Зафиров
администратор во пошта до Marketer во Златна Книга
„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„Запишувањето на Академијата во Brainster беше вистинскиот потег за мене.“
Ристе Зафиров
администратор во пошта до Marketer во Златна Книга
„Никогаш не е доцна за промени, особено за промени кои сметаме дека се подобри за нас.“
Тина Спировска
Digital Marketer во NewMedia
„SEO беше само дел од една слика која сакам да ја познавам уште подобро.“
Кристијан Павлоски
Digital Marketer во Мако Маркет
„Академијата беше одлична шанса да пронајдам професија која ме радува .“
Нина Николиќ
Digital Marketer во CyberLink Media

Што велат бројките од Академијата?

Пресекот на успешност на нашите студенти по основ на тоа која беше нивната цел пред почетокот на Академијата покажува голем степен на успешност, без разлика дали нивната цел беше да се вработат, да сменат кариера, да ја унапредат моменталната позиција или нивниот бизнис.

1 %
вработени како маркетери
1 %
преквалификувани во маркетери
1 %
унапредени на работното место
1 %
го подобриле сопствениот бизнис

Како до кариера во Дигитален маркетинг?

Погледни го ова бесплатно предавање со Дарјан, нашиот CМO кој воедно е и инструктор на академијата, и добиј одговор на прашањето “Како до кариера во дигитален маркетинг?”, различностите во секојдневната работа и потенцијалот за градење на кариера како маркетер.

Каде се вработија нашите студенти по завршувањето на Академијата?​

Конкурентска предност на пазарот на труд што нашите студенти ја стекнуваат преку сетот на вештини добиени на академијата, им овозможуваат да се вработат во најдобрите компании и на најпосакуваните работни позиции. 

Инструктори и програма

Сите инструктори на Академијата се професионалци со долгогодишно практично искуство во својата област. Воедно, сите ја делат заедничката страст за споделување на знаење со студентите и заедницата.

Fundamentals of marketing

Ќе ги совладаш основните концепти, во маркетингот. Ќе зборуваме за позиционирање, buyer persona, сегментација, таргетирање.
Ива Дујак
COO на Brand Union

Intro to Digital Marketing

Ќе дознаеш како дигитализацијата го промени маркетингот со можностите за детално мерење и концептите како remarketing, и lookalike targeting.
Дарјан Раденковиќ
CMO на Brainster, координатор на Академијата

Digital Marketing Strategy

Ќе научиш како се креира успешна маркетинг стратегија и како се одредуват каналите, активностите и алатките што ќе ги користиш
Дарко Булдиоски
Program Director at AllWebMK - CEO at NewMediaMK - Speaker

Social Media

Ќе научиш како со квалитетна и релевантна содржина да ги натераш потенцијалните клиенти сами да дојдат на твоите канали.
Иван Ефремов
Product Manager во Brainster

Facebook & Instagram Ads

Ќе го совладаш креирањето одлично таргетирани и пласирани реклами за Facebook и Instagram, како да ги следиш и оптимизираш резултатите.
Стефан Смиљаноски
Performance Marketer во Brainster

Google Ads

Ќе се запознаеш со начинот на креирање реклами кои се прикажуваат на пребарувачот на Google, банери и реклами за YouTube.
Калин Марковиќ
Google Ads expert

SEO

Ќе дознаеш што е потребно за твојата веб-страница да се рангира меѓу првите резултати при пребарување на Google за одреден клучен збор.
Билјана Димовска
SEO Professional

Growth Hacking

Ќе се запознаеш со серија од иновативни growth marketing техники за рапидно зголемување на интересот за твојот продукти или услуга.
Петар Ниновски
Founder и CEO на Brainster, Cо-Founder на Laika и Colony

Storytelling

Ќе научиш како да се поврзеш со твојата публика, градејќи ги односите преку креирање вредности наместо преку класично рекламирање.
Никола Спасов
CEO на Rating, агенција за стратешки комуникации

Copywriting

Ќе научиш како да напишеш copy со кое најдобро ќе го испромовираш својот производ или услуга на што поголема бројка на луѓе.
Марко Стојановиќ
Creative Director at Division - marketing agency

Lead Generation

Ќе научиш како се креира кампања за собирање лидови, како сам да создадеш добра landing страница и да поставиш e-mail автоматизација.
Дарко Булдиоски
Program Director at AllWebMK - CEO at NewMediaMK - Speaker

Final Projects

Ќе креираш и презентираш комплетна маркетинг стратегија за реален бренд под менторство на инструкторите од Академијата.
Ира Бабиќ
Founder & CEO at Brand Union

Зошто Академијата на Brainster е најдоброто место да научиш маркетинг?

  1. Ќе учиш преку практична работа на реални кампањи за познати компании
  2. Ќе учиш од најпознатите и најискусни домашни маркетинг експерти
  3. Ќе имаш можност за вработување во некоја од компаниите со кои соработуваме
  4. Ќе креираш комплетна маркетинг стратегија за реална компанија и ќе ја презентираш
  5. Ќе бидеш дел од заедница, составена од луѓе слични на тебе, постојано отворена за помош и соработка.

Learning Partners

Learning Partner програмата на Brainster овозможува студентите од Академијата за дигитален маркетинг да работат на реален проект кој компаниите ќе го предложат. Ова се дел од компаниите за коишто работиме во моментов.

Учество на хакатони и натпревари

Се прашувате дали може да научите да дигитален маркетинг за 23 недели? Најдобро се учи со практична работа, на реални проекти со клиенти.  Студентите учествуваат на натпревари и хакатони кои ги организираме заедно со нашите learning партнери. Работат на проекти за општествена одговорност и теми кои се актуелни.

Започни кариера во дигитален маркетинг

Придружи им се на сите оние кои се охрабрија да ја земат кариерата во свои раце и да дојдат до покреативна, поинтересна и подобро платена работа.

ПОЧЕТОК НА АКАДЕМИЈАТА: септември 2021

ОСТАНАТИ УШТЕ 18 СЛОБОДНИ МЕСТА

ЦЕНА: 1450 EUR

со можност на плаќање на 15 рати без камата и можност за исплаќање на дел од сумата по вработување

Февруари 2021

пополнето
1450
  • На 15 месечни рати без камата

Јуни
2021

пополнето
1450
  • На 15 месечни рати без камата

Септември
2021

уште 18 слободни места
1450
  • На 15 месечни рати без камата

Често поставувани прашања:

Според студијата за пазарот за Дигитален маркетинг во 2021 година, спроведена од Мекинли Партнерс, 94% од анкетираните компании ја зголемиле големината на нивните тимови за маркетинг за разлика од 2018 година, 73%, и побарувачката продолжува да расте. Заради нивната способност на компаниите сè повеќе им се потребни дигитални маркетери не само да ги дефинираат маркетинг плановите и стратегиите, туку и да помогнат во поттикнувањето на иновациите во бизнисот и производот. Оваа година, поради Ковид-19, дигитализацијата достигна нов левел и побарувачката за дигитални маркетери е најголема до сега. Секоја компанија има потреба од одличен маркетер.

Нашата Академија за дигитален маркетинг привлекува желни студенти кои се страствени да се надоградат и да започнат нова кариера. Тоа се студенти со професионални позадини во дизајнот, продажба, комерција, сметководство и администрација, јазици и многу други области. Искуството во Brainster создава трајни пријателства и соработки кои ќе ве поддржуваат за време на откривањето на целиот живот.

На крајот на оваа Академија ти ќе можеш да:

  • Ги владееш дигитални маркетинг канали, тактики и технологии за да ги изберете вистинските за вашите цели.
  • Допрете до целната публика со прилагодени пораки што ги водат низ маркетинг инката.
  • Решавате вистински проблеми за бизнисите околу стекнување, ангажирање и задржување на клиенти.
  • Креирате приказни за бредновите, контент стратегии и да ги пренесете на правилен начин до потрошувачот.
  • Владеете со основните тактики на дигитален маркетинг, вклучувајќи paid search, SEO, lead generation, оптимизација, content marketing, e-mail, платен и органски маркетинг на социјални медиуми и дигитално рекламирање.
  • Мерите, анализирате и оптимизирате перформанси на кампањите користејќи Google Analytics, Google Ads и Facebook Business Manager.

Еве само некои од придобивките што можат да ги очекуваат нашите студенти во Brainster:

  • Стручни инструкции за вештините што ви се потребни за успешно започнување на кариера во дигиталениот маркетинг.
  • Интензивна бесплатна предпрограма со која ќе ги стекнете основите на дигиталниот маркетинг и ќе се подготвите за првиот час.
  •  Профил на дигиталната платформа за учење на Brainster и пакет алатки и бонус материјли, проверени од експерти за да го освежете вашето знаење во текот на вашата кариера во светот на маркетингот.
  • Работа на реални проекти, за реални клиенти, кои ќе може да ги додадете во вашето професионално портфолио за прикажување нови вештини на потенцијалните работодавци и соработници.
  • Индивидуален фидбек од инструктори. Останете мотивирани и искористете го максимално ова искуство со помош на нашиот посветен Brainster тим.
  • Кариерна работилница која ќе ви помогне да креирате професионално резиме, како да се снајдете во процесот на барање работа, од технички предизвици, до преговори за плата и повеќе. Подготовка за интервју.
  • Конекции со професионална мрежа на инструктори и врсници што трае многу повеќе од курсот. Brainster може да ви помогне да се снајдете и да успеете во оваа област.

Да! По презентацијата на завршниот проект, ќе добиете потпишан сертификат за завршување. Илјадници алумни во Brainster го користат својот сертификат за да демонстрираат вештини на потенцијалните работодавци – вклучувајќи ги и нашите партнери за вработување. Академијата за Дигитален маркетинг на Brainster е добро ценети од многу врвни работодавци, кои придонесуваат за нашата наставна програма и соработуваат со нас за да ги обучуваат свои тимови.

Услови за добивање сертификат:

  • Присуство на 90% од часовите
  • Сите домашни задачи да бидат изработени на време
  • Завршен проект – Изработка на целосна маркетинг стратегија

Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како дигитален маркетер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата подготвителна програма ги обучува студентите со потребните предзнаења за успешен старт на програмата. Така што целата група студенти ќе има еднаков почеток.  

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа. 

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за дигитален маркетинг. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Академијата за дигитален маркетинг трае 23 недели. Наставата се одвива онлајн. Предавањата се во времетраење од 2 саати, секогаш попладне, во комбинација понеделник/среда/петок. Сите активности во рамки на програмата се online, на zoom. Покрај активностите по распоред, нагласуваме дека е неопходно и дополнително учење и вежбање отприлика 20тина саати неделно доколку студентот цели да совлада максимум од она што се учи на Академијата.

Освен желба за учење и работа, предзнање не е неопходно.  Со многу помош, труд и посветеност од страна на тимот на инструктори започнуваќи од нула ќе стекнеш напредно знаење со практична работа и ќе бидеш спремен да ја започнеш твојата нова кариера. 

Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.

Цената на Академијата за дигитален маркетинг e 1450 евра, со можност за плаќање на 15 рати.

Започни со
учење денес!

Погледни ги нашите бесплатни online предавања.