Твоето здравје и безбедност ни се приоритет. Поради состојбата предизвикана од COVID-19, сега сите Академии се достапни за следење онлајн. Дознај повеќе.

brainster

Академија за дигитален маркетинг

Дојди до супер кариера во дигитален маркетинг за 23 недели преку работа на реални проекти

1
НЕДЕЛИ
1
МОДУЛИ
1
РЕАЛНИ ПРОЕКТИ

За Академијата за дигитален маркетинг

За 23 недели ќе научиш како да се справуваш со маркетинг предизвиците во дигиталниот свет и ќе ги стекнеш најбараните дигитални вештини во моментот. Тоа ќе ти помогне да започнеш кариера во некоја од најдобрите компании или да развиеш одлична маркетинг стратегија за сопствениот бизнис или компанијата во која работиш.

Што по завршувањето на Академијата?

Запознај ги студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster, кои со помош на Академијата за дигитален маркетинг успеаа да започнат нова кариера, да ја променат постоечката или да стартуваат сопствен бизнис.

„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„SEO беше само дел од една слика која сакам да ја познавам уште подобро.“
Кристијан Павлоски
Digital Marketer во Мако Маркет
„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„Запишувањето на Академијата во Brainster беше вистинскиот потег за мене.“
Ристе Зафиров
администратор во пошта до Marketer во Златна Книга
„Никогаш не е доцна да се решиш за промена во кариерата. Среќна сум што го направив овој чекор.“
Елена Ацеска
од правник до Digital Marketer во Sign up
„Сфативме дека дигиталниот маркетинг е најважниот канал за нашиот нов бизнис.“
Александра Белчева
Ceo & Founder of Mitra online shopping store
„Запишувањето на Академијата во Brainster беше вистинскиот потег за мене.“
Ристе Зафиров
администратор во пошта до Marketer во Златна Книга
„Не се плашев да ги прекинам студиите, дојдов до работа што ја сакам.“
Ана Караколевска
Digital Marketer во Termin.mk
„SEO беше само дел од една слика која сакам да ја познавам уште подобро.“
Кристијан Павлоски
Digital Marketer во Мако Маркет
„Академијата беше одлична шанса да пронајдам професија која ме радува .“
Нина Николиќ
Digital Marketer во CyberLink Media

Што велат бројките од Академијата?

Пресекот на успешност на нашите студенти по основ на тоа која беше нивната цел пред почетокот на Академијата покажува голем степен на успешност, без разлика дали нивната цел беше да се вработат, да сменат кариера, да ја унапредат моменталната позиција или нивниот бизнис.

1 %
вработени како маркетери
1 %
преквалификувани во маркетери
1 %
унапредени на работното место
1 %
го подобриле сопствениот бизнис

Каде се вработија нашите студенти по завршувањето на Академијата?​

Конкурентска предност на пазарот на труд што нашите студенти ја стекнуваат преку сетот на вештини добиени на академијата, им овозможуваат да се вработат во најдобрите компании и на најпосакуваните работни позиции. 

Инструктори и програма

Сите инструктори на Академијата се професионалци со долгогодишно практично искуство во својата област. Воедно, сите ја делат заедничката страст за споделување на знаење со студентите и заедницата.

Fundamentals of marketing

Ќе ги совладаш основните концепти, во маркетингот. Ќе зборуваме за позиционирање, buyer persona, сегментација, таргетирање.
Љупка Наумовска
Founder & CEO на HoneyBiz, маркетинг консултант

Intro to Digital Marketing

Ќе дознаеш како дигитализацијата го промени маркетингот со можностите за детално мерење и концептите како remarketing, и lookalike targeting.
Дарјан Раденковиќ
CMO на Brainster, координатор на Академијата

Digital Marketing Strategy

Ќе научиш како се креира успешна маркетинг стратегија и како се одредуват каналите, активностите и алатките што ќе ги користиш
Дарко Булдиоски
Program Director at AllWebMK - CEO at NewMediaMK - Speaker

Content Marketing

Ќе научиш како со квалитетна и релевантна содржина да ги натераш потенцијалните клиенти сами да дојдат на твоите канали.
Ива Дујак
COO на Brand Union

Facebook & Instagram Ads

Ќе го совладаш креирањето одлично таргетирани и пласирани реклами за Facebook и Instagram, како да ги следиш и оптимизираш резултатите.
Стефан Смиљаноски
Performance Marketer во Brainster

Google Ads

Ќе се запознаеш со начинот на креирање реклами кои се прикажуваат на пребарувачот на Google, банери и реклами за YouTube.
Калин Марковиќ
Google Ads expert

SEO

Ќе дознаеш што е потребно за твојата веб-страница да се рангира меѓу првите резултати при пребарување на Google за одреден клучен збор.
Билјана Димовска
SEO Professional

Growth Hacking

Ќе се запознаеш со серија од иновативни growth marketing техники за рапидно зголемување на интересот за твојот продукти или услуга.
Петар Ниновски
Founder и CEO на Brainster, Cо-Founder на Laika и Colony

Storytelling

Ќе научиш како да се поврзеш со твојата публика, градејќи ги односите преку креирање вредности наместо преку класично рекламирање.
Никола Спасов
CEO на Rating, агенција за стратешки комуникации

Copywriting

Ќе научиш како да напишеш copy со кое најдобро ќе го испромовираш својот производ или услуга на што поголема бројка на луѓе.
Марко Стојновиќ
Creative Director at Division - marketing agency

Lead Generation

Ќе научиш како се креира кампања за собирање лидови, како сам да создадеш добра landing страница и да поставиш e-mail автоматизација.
Дарко Булдиоски
Program Director at AllWebMK - CEO at NewMediaMK - Speaker

Final Projects

Ќе креираш и презентираш комплетна маркетинг стратегија за реален бренд под менторство на инструкторите од Академијата.
Ира Бабиќ
Founder & CEO at Brand Union

Зошто Академијата на Brainster е најдоброто место да научиш маркетинг?

  1. Ќе учиш преку практична работа на реални кампањи за познати компании
  2. Ќе учиш од најпознатите и најискусни домашни маркетинг експерти
  3. Ќе имаш можност за вработување во некоја од компаниите со кои соработуваме
  4. Ќе креираш комплетна маркетинг стратегија за реална компанија и ќе ја презентираш
  5. Ќе бидеш дел од заедница, составена од луѓе слични на тебе, постојано отворена за помош и соработка.

Learning Partners

Learning Partner програмата на Brainster овозможува студентите од Академијата за дигитален маркетинг да работат на реален проект кој компаниите ќе го предложат. Ова се дел од компаниите за коишто работиме во моментов.

Учество на хакатони и натпревари

Се прашувате дали може да научите да дигитален маркетинг за 20 недели? Најдобро се учи со практична работа, на реални проекти со клиенти.  Студентите учествуваат на натпревари и хакатони кои ги организираме заедно со нашите learning партнери. Работат на проекти за општествена одговорност и теми кои се актуелни.

Започни кариера во дигитален маркетинг

Придружи им се на сите оние кои се охрабрија да ја земат кариерата во свои раце и да дојдат до покреативна, поинтересна и подобро платена работа.

ПОЧЕТОК НА АКАДЕМИЈАТА:  АВГУСТ 2020

ОСТАНАТИ УШТЕ НЕКОЛКУ СЛОБОДНИ МЕСТА

ЦЕНА: 1450 EUR

со можност на плаќање на 15 рати без камата и можност за исплаќање на дел од сумата по вработување

Мај 2020

пополнето
1450
  • На 15 месечни рати без камата

Август 2020

уште неколку слободни места
1450
  • На 15 месечни рати без камата

Често поставувани прашања:

Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како дигитален маркетер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата подготвителна програма ги обучува студентите со потребните предзнаења за успешен старт на програмата. Така што целата група студенти ќе има еднаков почеток.  

Ако успешно го одбраниш завршниот проект, добиваш диплома. Најважно е дека ние ќе те обучиме од самиот почеток со сите алатки и вештини кои во моментот ги бараат компаниите кај маркетинг професионалците. Програмата е креирана од професионалци во индустријата за професионалци во индустријата. По завршување на нашата Академија ќе добиеш задолжителна пракса и можност за junior вработување.

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online средба со неа. 

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за дигитален маркетинг. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

Да. Отворени сме за апликации и кога е групата е пополнета. Ќе имаш можност да имаш резервирано место за интервју и можност за влез во наредната група на Академијата. 

Започни со
учење денес!

Погледни ги нашите бесплатни online предавања.